Помалиот во рацете на поголемиот: Ламбе Алабаковски ги покажа потпораснатите наследници (фото)


Иако не е активен на музичката сцена, Ламбе Алабаковски не остана заборавен од јавноста која секогаш сака да види и слушне нешто повеќе од приватноста на некогашниот пејач.

Веќе е пзззнато дека Ламбе неколку години заедно со сопругата Магдалена живеат во Америка каде и го проширија семејството. По првиот син Михаил, тие пред пет месеци добија уште еден наследник кој го носи името Димитриј.

Ламбе не е од оние често активните на социјалните мрежи, но желба да објави нешто секогаш му се појавува кога сака гордо да се пофали со своите наследници.

Така беше и овој пат, Михаил го држи во рацете помалото братче, а тато фотографираше и покажа пред сите колку потпораснале неговите синчиња.

Родителството е благослов од Бога и е дефиниција за совршена љубов. После Михаил ништо не е исто”, рече Ламбе во една прилика Ламбе.

За потсетување, Ламбе и Магдалена во 2013 година ја круниса својата љубов со брак. а последна песна од него е „Ти само кажи“.

Извор: vistina.com.mk

Previous Горан вели дека Асисен Кред Одисејата е голема како Скајрим
Next СРЕЌЕН ДНЕВЕН ХОРОСКОП ЗА 25 СЕПТЕМВРИ 2020 ГОДИНА

No Comment

Leave a reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *