in ,

Го покажаа резултатот од вежбањето: Tијана Дапчевиќ и Снеже Велков се пофалија со мускулите (фото)

Пандемијата со коронавирусот можеби пред некое време ги затворија салите и теретаните за вежбање, но тоа не ги спречи  луѓето да вежбаат.

Оние кои се љубители на спортот, вежбањето и одржувањето на кондиција, најдоа алтернатива, па наместо во сала или теретана, вежбаа дома или на отворено.

Македонската водителка и фитнес инструкторка Снеже Велков денот го започнува со вежбање или со возење на велосипед.

Таа често на социјалните мрежи знае да сподели фотки,  видеа од нејзиниот тренинг и да ги мотивира и оние кои се уште не започнале со вежбање.

https://www.instagram.com/p/CEJXXkNHOTU/?utm_source=ig_web_copy_link

Меѓутоа, неодамна Снеже се фотографираше пред огледало во лифт и го покажа резултатот од вежбањето, односно мускулите на раце.

ФОТО: ИНСТАГРАМ

Тијана Дапчевиќ исто така е меѓу оние кои се вратија во тератана и на редовното вежбање, а неодамна во една емисија доби коментари дека никогаш не изгледала подобро.

Дапчевиќ како што истакна во една прилика се храни според прогарамата на нутриционисти, а и редовно пешачи и вежба.

И Дапчевиќ во кусите приказни на „Инстаграм“ се пофали со мускулите на раце по напорниот тренинг.

„Се гледа разликата а?“, напиша Дапчевиќ во описот на една фотографија.

ФОТО: ИНСТАГРАМ

А како што вели поговорката –  „Во здраво тело, здрав дух“.

Извор: vistina.com.mk

What do you think?

Written by Ljubomir Pepic

Имам 40 години и доаѓам од Велес

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Со годините се поубава: Вака изгледаше Лила пред две децении (фото)

СРЕЌЕН ВИКЕНД ХОРОСКОП ЗА 18-19 СЕПТЕМВРИ 2020 ГОДИНА