СРЕЌЕН ДНЕВЕН ХОРОСКОП ЗА 16 СЕПТЕМВРИ 2020 ГОДИНА


Денес Јарците ќе се водат според изреката „убавиот збор железни врати отвора“, Биковите имаат големи очекувања од љубовта а Рибите се инспирирани на работно поле..

ОВЕН
Полни сте со ентузијазам и со многу оптимизам се фокусирате на деловните обврски. Љубовта ви е во мислите но никому не сакате да му покажете во колкава мера сте емоционално заинтересирани. Во тек е период поволен за проблеми со алергиите.

БИК
Не успевате да пронајдете заеднички јазик со деловните партнери. Имате големи очекувања кога е љубовта во прашање и на другата половина и упатувате нежни зборови и романтични пораки. Што се однесува до здравјето, се чувствувате одлично.

БЛИЗНАЦИ
Незадоволството од работата е на врвот и размислувате за оставка. Во емоционална смисла сте импулсивни и склони да направите проблем кај партнерот. На здравствено поле ве очекуваат проблеми со елиминаторниот систем.

РАК
Полни сте со оптимизам и се соочувате со самодоверба со старите деловни проблеми. Во емотивна смисла сте паднале и не гледате излез од ситуациајта. Во физичка смисла сте мрзеливи и тоа го зема здравствениот данок.

ЛАВ
Деловните проблеми ги чувствувате претешки и тешко решиви дури и за вас. Емоционално сте затворени а партнерот се обидува да ве наведе на отворен разговор. Во физичка смисла чувствувате недостаток на сила и волја да се движите.

ДЕВИЦА
Денешниот ден не е идеален за вас. Исклучително сте незадоволни и нервозни поради лошите финансии. Во емоционална смисла сте неисполнети, безволни ии немате желба за да се социјализирате. Ви годи самотијата. Здравјето е солидно.

ВАГА
Работата ви оди добро и задоволни сте од деловната ситуација. Во емоционална смисла не сте опуштени и имате проблем со импулсивноста и често се расправате со партнерот. Внимавајте што јадете. Храната нема да ви годи.

ШКОРПИЈА
На деловно поле сте тотално демотивирани и без самодоверба. Партнерката ви пружи прилична доза на разбирање и поддршка што се однесува до тоа да се чувствувате подобро. Склони сте кон хронична мигрена.

СТРЕЛЕЦ
Немате поволно размислување за колегите и тоа го покажувате на отворен и надмен начин. Љубовта е во фаза на стагнација и имате чувство дека ви стигнува наплата за грешките од минатото. Во физичка смисла се чувствувате силно и добро.

ЈАРЕЦ
Ја користите изреката „Убавиот збор железни врати отвора“ и на тој начин ги постигнувате сите деловни цели. Денес ќе добиете прилика да остварите љубовна авантура. Здравјето ви е добро. Се чувствувате младо и убаво.

ВОДОЛИЈА
Вредни сте, организрани и со многу успех ги извршувате деловните обврски. Лебдите на крилјата на љубовта и интензивно комуницирате со партнерката. Можни се проблеми со несоница така што тешко ќе заспиете.

РИБИ
Работата ве инспирира и сите обврски ги одработувате квалитетно, одговорно и без застој. Чувствувате емоционална сигурност што ви годи и ви дава чувство на моќ. На здравствено поле можен е хормонален дизбаланс.

Извор: srekja.mk

Previous ДЕЧИЊА КОИ РЕАГИРААТ НА ОТКРИВАЊЕ НА ПОЛОТ НА НОВОТО БЕБЕ ВО СЕМЕЈСТВОТО (ВИДЕО)
Next Заради корона пандемијата, српските пејачи масовно менуваат професија, па еве од што живеат додека немаат „тезги“ (ФОТО)

No Comment

Leave a reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *