Емилија Розман се разведе: Се омажи за момче што го познаваше едвај 24 часа, а се разведоа по брак од само неколку недели!


Познатата манекенка Емилија Розман пред неколку недели направи свадба со своето момче Стефан Ангелкоски, со кого се познаваше 24  часа.

Но, љубовта на прв поглед не траеше долго. Мисицата Розман после неколку недели од интимната романтична венчавка, се разведе од својот сопруг.

Причината за разводот е се’ уште непозната, но се надеваме дека наскоро ќе дознаеме што ја прекина оваа „силна“ љубов, за што сега одново госпоѓица Розмантична, веќе почна да споделува „шеги на своја сметка“.

Имено, по свршувачката, таа за домашните медиуми раскажа дека со Стефан се знаеле едвај неполни два дена и тој ја побарал за сопруга.

„Во врска бевме само 24 часа откако Стефан ме побара за жена. Сè се случи со молскавична брзина. Во вторникот со мој другар седев кај него во гостилница, имав пауза од работа. Со другар ми отидовме да јадеме, кога таму влезе Стефан и дојде кај нас на маса да се поздрави, бидејки се познаваа со другар ми. Кога ја пружи раката да се поздрави со мене ја симна маската и кога му ја видов насмевката веднаш паднав. Се договоривме да одиме утредента, во средата во Охрид. На пат за Охрид, како што се возевме, ми рече: „Сакаш ли да одиме во матично?“ Јас реков – зошто да не. Ама ова беше заљубување до даска, 200 посто и тој и јас. Во Охрид сакавме да направиме матично, покрај езеро. Но, не нѝ успеа бидејки Стефан немаше извод. Кога се вративме во Скопје предложи да одиме на Козјак. По пат почна да се шегува со мене, дека наводно се предомислил. Кога стасавме таму, додека да се свртам тој веќе беше клекнат на колена со прстен во раце. Секако реков – да“, изјави Розман за македонските портали, која претходно четири години била сама…

Како што и е одново сега, по кусата брачна авантура со Стефан, момчето кое како што од нигде – никаде се појави во нејзиниот живот, така набрзина и исчезна од него.

Извор: vistina.com.mk

No Comment

Leave a reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *