in ,

Едноставен трик на Гордон Ремзи – како секојпат совршено да ги сварите вашите тестенини?

https://vistina.com.mk/wp-content/uploads/2020/09/pi-700x525.jpeg

Гордон Ремзи откил трик кој што мора да го знаете кога станува збор за готвење тестенини. Станува збор за серија видеа во кои што тој открива 100 основни трикови кои што мора да ги знаете кога влегувате во кујна и кога ќе одлучите да приготвите нешто за јадење.

Иако тестенините се популарни насекаде низ светот, поголемиот дел од луѓето ги подготвуваат така што во одреден дел од варењето на истите, вадат едно парче од нив за да проверат дали се готови.

Но, популарниот готвач има друга метода.

„Тестенините се евтино јадење кое што секогаш треба да го имате во вашата кујна, но лесно е да ги сварите недоволно или пак да ги преварите. Еве како треба да ги варите“ – започнал тој.

Прво ставил вода во поголемо тенџере, за да биде сигурен дека има доволно место за сите шпагети рамномерно да се варат, пред во водата да стави прстофат сол и да стави доволна количина масло за јадење, за тестенините да не се залепат за тенџерето.

Тој потоа додал, дека мора да причекаме водата да зоврие, а потоа да ги ставиме тестенините во тенџерето.

Доколку варите подолги тестенини, на пример шпагети, Ремзи советува едниот крај од истите да го ставите во тенџерето, да почекате да омекнат и да го потопите и останатиот крај од нив за заедно да се сварат.

Вклучете тајмер и наместете го на време на кое што го пишува на самото пакетче од тестенините, а кога тоа ќе помине проверете со прстите дали тестенините се сварени.

Извор: точка.ком.мк

What do you think?

Written by Ljubomir Pepic

Имам 40 години и доаѓам од Велес

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Славата е многу добра за забите – погледнете какви заби имале овие ѕвезди на почетокот на кариерата

Емилија Розман се разведе: Се омажи за момче што го познаваше едвај 24 часа, а се разведоа по брак од само неколку недели!