СЕКОЈДНЕВНИ НЕШТА КОИ НЕ СЕ ТОЛКУ НЕКУЛТУРНИ КОЛКУ ШТО СИТЕ МИСЛИМЕ


Секојдневни нешта кои можеби делуваат некултурно и лошо, но всушност не се затоа што секогаш е во ред да го правиме она кое сметаме дека е најдобро за нас.

-Заминување од забава или некоја функција порано, дури и пред полноќ. Голем дел од луѓето сметааат дека е навреда да се замине од забава порано.

-Да им кажете на луѓето до каде се вашите граници како на пример
„Не сакам да ме допираат. Те молам немој да ме допираш“.
„Преферирам да не се допишуваме додека работам“.
„Не сакам да правам планови во последна минута. Следниот пат те молам извести ме да направиме план порано“.
„Мислам дека едноставно не се совпаѓаме. Едноставно не оди.“

-Да не можете да направите услуга некому кога тој го бара тоа од вас.

-Да ги побарате назад парите кои сте ги дале на заем. Можеби делува чудно и непристојно, но тоа воопшто не е така особено кога се работи за ваши пари.

-Завршување на разговорот со некој кој напразно го троши вашето време.

-Разминување некој кој оди по патот доста павно.

-Да се јавите на работа кога сте болни и да кажете дека не можете да одите.

-Поправањето на другите кога погрешно ќе го изговорат вашето име.

-Да не одиш на дружба со пријателите затоа што си изморен.

-Разговор за платата. Секогаш треба да се стремиш кон тоа ти и твоите колеги да бидете третирани фер.

-Да не ја отвориш вратата на својот дом кога некој ѕвони.

-Барање помош.

-Да кажеш дека ти е потребен простор за себе и дека сакаш да поминеш некое време сам.

-Кажување на вистината иако таа би можела да биде болна.

-Неодговарање на повикот кога не се чувствуваш подготвен за разговор.

-Да кажете јасно дека не сте заинтересирани за купување на некој производ кога доаѓаат промотери на вашата врата.

-Да кажеш „Не“ на нешта кои едноставно не ти се допаѓаат.

Извор: srekja.mk

Previous СРЕЌЕН ДНЕВЕН ХОРОСКОП ЗА 10 СЕПТЕМВРИ 2020 ГОДИНА
Next СРЕЌЕН ДНЕВЕН ХОРОСКОП ЗА 11 СЕПТЕМВРИ 2020 ГОДИНА

No Comment

Leave a reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *