6 СОВЕТИ КОИ МОРАТЕ ДА СИ ГИ ДАДЕТЕ НА СЕБЕСИ ВО ОВОЈ МИГ


Често се поставуваат прашања кои совети човек би си ги дал на самиот себеси во младоста. И колку убаво да звучи ова, не секогаш сакаме да живееме гледајќи во минатото постојано. Добро е да се потсетиме себеси дека сме тука за да го цениме животот и да не гледаме назад со каење.

Па затоа еве неколку добри совети кои можете да си ги дадете на себеси во овој миг и би ви биле од голема корист.

1.Немој да ја одредуваш својата вредност врз успехот и пофалбата
Успехот не значи одобрување од другите луѓе, успехот е остварување на својата цел и без поддршката од другите. Пофалбата е тешко да се добие ни и кога би се добила, таа не е нешто пресудувачко за нечија вредност. Затоа никогаш не смееш да ја одредуваш својата вредност според аплаузот од другите, туку на она кое те прави задоволен.

2.Трпението е важнен избор во секојдневието
Да, трпението е избор. Никој од нас не е роден со трпение но мораш да сфатиш дека нетрпеливоста од друга страна создава едно хаотично постоење. Остварувањето на твоите соништа не се случува преку ноќ. Мораме да сфатиме еднаш засекогаш дека побрзо не значи и подобро. Тешката работа и трпението постигнуваат добро заслужени остварувања. Исто така, не смееш да се обвинуваш себеси за тоа што не си успеал да оствариш некоја цел во посакуваното време. Немој да брзаш во ништо, нити во врските нити во кариерата, дури и ако сметаш дека доцниш. Ништо во животот не е трка.

3.Ова исто така ќе помине
Без оглед на тоа кој си и што си, светот е страшно место за секого, и постојано мораме да се потсетуваме себеси дека се ќе помине. Ако живееш со мисли дека моменталните грижи ќе останат тука засекогаш, тогаш се осудуваш себеси на беспотребно страдање и болка. Мораш да знаеш и да сфатиш дека се е минливо. Ако нешто за кое се грижиш во сегашноста, не би имало никакво влијание врз иднината после 5 години, тогаш нема потреба да поминеш нити 5 минути размислувајќи за истото.

4.Пронајди мигови за уживање секој ден
АКо не можеш да пронајдеш нешто во кое ќе уживаш, твојот живот ќе стане измачување, бесмислена бездна. Ако постојано размислуваш за лоши нешта, за тоа колку се е застрашувачко, тогаш сето тоа ќе направи да се чувствуваш уште полошо.
Додека траела Втората светска војна, додека наоколу се било во чад и експлодирале бомби на секоја минута, луѓето често пееле, танцувале, играле игри и се дружеле меѓусебно со цел да го одвлечат вниманието од ужасната реалност.

5.Грижи се за себеси и престани да им угодуваш на другите
Како и многумина денес кои се нарекуваат себеси работохоличари и се обидуваат да бидат што попродуктивни, постојано се изложени на стрес. Особено кога гледаат колку нивните колеги и оние околу нив се трудат да завршат што повеќе обврски и да остварат што повеќе успех. Немој да го базираш својот живот на туѓиот, и никако немој да им удоволуваш на другите. Единствената личност за која треба да се грижиш и да и удоволуваш си самиот ти.

6.Ти го контролираш сосптвениот живот
Ова е нешто кое мораш да си го повторуваш на себеси секој ден. Тоа е твој живот и само ти избираш како ќе го живееш. Никој не смее и не може да донесува одлуки место тебе. Ако не ти се допаѓа работата – промени ја. Ако не си среќен во врската, стави крај. Толку е едноставно. Ти имаш потполна контрола врз нештата кои се случуваат во твојот живот.

Извор: srekja.mk

Previous СРЕЌЕН ДНЕВЕН ХОРОСКОП ЗА 6 СЕПТЕМВРИ 2020 ГОДИНА
Next „Извинете хејтери“: Карлеуша со приватен авион слета во Македонија – ја покажа внатрешноста на авионот, а го снимаше и Охрид од птичја перспектива (фото+видео)

No Comment

Leave a reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *