Многумина сигурно се сеќаваат на Бошко – кучето од расата пинч кое беше најдобриот пријател на нашиот шоумен Игор Џамбазов, а тој знеше да го нарече и абортиран доберман.
Бошко како и својот газда беше славен и се појавуваше пред камери, знаеше како да се однесува на снимања и беше неразделен од својот сопственик кој секогаш го носеше во рацете.
Поминаа десет години откако Игор и Бошко повеќе не се заедно, а Џамбазов на Инстаграм објави фотографија со својот непрежален миленик и напиша:
– На денешен ден пред 10 години, засекогаш си заспа Бошко Џамбазов, кучето што живееше како човек…
Игор е голем љубител на животните и не се остава без безрезервната љубов која умеат тие да ја дадат. Сега ја има мачката Емче која е неразделна од својот газда. Секогаш е со него и често патува на релација Скопје-Дојран и обратно.
Но, Игор како и македонската јавност никогаш нема да го заборават Бошко – кучето човек!
Извор: vistina.com.mk