Таа е најмалата: Ова се постарите брат и сестра на Калиопи (фото)


Иако во една прилика изјави дека етитетот дива му е време да го стави на лицитација, нашата Калиопи за големата публика која ја има, е неприкосновена за таквата титула.

Можеби не сте знаеле, но Калипи е родена во Охрид, а пораснала заедно со семејството во Кичево и е третото дете во семејството.

ФОТО:КАЛИОПИ/ИНСТАГРАМ/ПРИНТСКРИН

Калиопи е ултра комуникативна со своите обожаватели, како виртуелно, така и непосредно, па нејзината приватност никога не била нешто за сокривање.

Изминатиот период имавме прилика да ги видиме нејзините родители, разни семејни моменти, а овој пат Опи извади стара фотографија од своето детство каде е заедно со нејзиниот брат Томче и сестрата Корнелија.

ФОТО:КАЛИОПИ/ИНСТАГРАМ/ПРИНТСКРИН

Денес Калиопи од сестра си има една внука, додека од братот има двајца внуци.

-Ги сакам! Премногу… Напиша Калиопи, а фотографијата се најде на нејзините Инстаграм приказни и беше изненадување за фановите.

Извор: vistina.com.mk

No Comment

Leave a reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *