Вака изгледа мајката на Весна Бејби Петрушевска (фото)


Актерката Весна Бејби Петрушевска е активна на социјалните мрежи на кои открива што има ново на професионален и приватен план.

Така, деновиве откри дека нејзината мајка Сашка го слави роденден.

По тој повод, Весна ја израдува својата мајка со еден подарок од познат бренд за накит.

„Чувајте си ги мама и тато блиску до себе секој миг. Среќен роденден мама,секогаш си била во право за се. Знаеш ти“, напиша актерката во описот на неколку заеднички фотографии со нејзината мајка.

Потсетуваме, Весна неодамна го испрати својот син Кирл во САД каде што ќе заврши четврта година гимназија, а потоа ќе продолжи на студии.

Извор: vistina.com.mk

No Comment

Leave a reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *