СРЕЌЕН ВИКЕНД ХОРОСКОП ЗА 29-30 АВГУСТ 2020 ГОДИНА



Овој викенд Шкорпиите ќе уживаат во вниманието кое ќе го добиваат од додворувачите, Лавовите ќе се впуштат во нова љубовна авантура, Близнаците ќе ги завршуваат сите обврски ефективно..

ОВЕН
Ве очекува значително подобрување на финансиската состојба во текот на овие денови. Вашите грижи ќе бидат ослободени. Некоја личност која неодамна сте ја запознале преку пријател ви буди доста голем интерес. Наскоро помеѓу вас ќе заискри. Избегнувајте алкохол.

БИК
Овие денови се поволни за да ги споделите вашите идеи со другите. Можете да очекувате позитивен исход од ситуацијата. Сега е вистински миг за почеток на врска која би можела да трае долго во иднина. Без проблеми на здравствено поле.

БЛИЗНАЦИ
Лесно завршувате се што сте планирале за овој викенд. Можно е наскоро да планирате годишен одмор. Можете да очекувате познанство со личност која отворено ќе ви покаже интерес. Се подобро здравје.

РАК
Ќе ви се исплати ризикот во кој ќе влезете. Овие дена се доста поволни за вашите финансии. Ако сте слободни, пред вас стои флерт со личност која не е. Нештата можат да се искомплицираат. Задоволни сте со здравјето.

ЛАВ
Ве очекува можност да ги покажете своите способности пред вашите колеги и соработници. Ќе ја добиете нивната поддршка. Ќе се впуштите во страствена авантура со личност кој ане може да ви пружи повеќе од тоа. Избегнувајте цигари.

ДЕВИЦА
Можете да очекувате викенд во кој на деловно поле ќе се појават некои кочници. Покажете трпение. Имате помали несогласувања со саканата личност но постои можност да го решите сето тоа.Склони сте кон прејадување.

ВАГА
Се обидувате да го поправите односот со вашите надредени со цел тие да стекнат доверба во вас. Можно е саканата личност да очекува повеќе да и се посветите. Од друга страна, на вам ви е потребна дистанца. Полни сте со сила и енергија.

ШКОРПИЈА
Потребно ви е повеќе време отколку што сте очекувале за да извршите некои обврски. Уживате во вниманието кое го добивате од додворувачите но не сте подготвени да му дадете зелено светло да направат чекор повеќе. Проблеми со шеќерот.

СТРЕЛЕЦ
Можете да очекувате дека некои планови ќе се пореметат и нема да успеете да остварите се што посакувате. Доколку сокривате некои нешта од саканата личност, ризикувате само да направите уште поголем проблем во врската. Внимавајте во сообраќајот.

ЈАРЕЦ
Не сте подготвени за превземање на нови ризици кога е во прашање работата. Можно е да ви е потребно повеќе време за да смислите нов план. Разочарани сте од саканата личност и размислувате за раскинување. Внимавајте на здравјето.

ВОДОЛИЈА
Се среќавате со помали проблеми на деловно поле но успевате да ги решите побрзо од колку што сте очекувале. Љубовта полека доаѓа. Помеѓу вас и саканата личност постои се помалку нежност и романтика. Ќе ви годи одмор.

РИБИ
Сфативте дека голем дел од работата морате да ја превземете врз себе и не моете да се потпретете на вашите соработници. Можете да очекувате одлична ситуација во врска со саканата личност. Пред вас е генерално поволен ден. Здравјето е солидно.

Извор: srekja.mk

Previous Лисица не се одвојува од жената која ја спасила
Next 11 НЕОБИЧНИ НАЧИНИ НА ПРАВЕЊЕ ХРАНА (ВИДЕО)

No Comment

Leave a reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *