СРЕЌЕН ДНЕВЕН ХОРОСКОП ЗА 25 АВГУСТ 2020 ГОДИНА


Денес Рибите ќе остварат значителен успех на деловен план кој нема да помине незабележан, Водолиите ја гледаа некоја личност низ подобри очи отколку што таа всушност е, Овните ќе добијат повик од странство кој пријатно ќе ги изненади..

ОВЕН
Денес воглавно ќе бидете сконцентрирани на самоусовршување. Н некои припадници на знакот им претстои повик од странство. Се работи за драга личност која одамна не сте имаше прилика да ја слушнете, нивното јавување ќе ве расположи. Засега сте насочени кон некои лични планови а доведува до занемарување на партнерот.

БИК
Денес ќе бидете помирни и поопуштени од вообичаено. Оваа ваша состојба е одраз на досадата. Вашите очекувања нема да се исполнат во очекуваната мера, ќе бидете безволни и нерасположени порад тоа, препуштете ги некои нешта на околностите. Треба да се придвижите од мртва точка, активирајте се на деловен план.

БЛИЗНАЦИ
Денес е идеален ден за дружење со пријателите и сите личности кои ви се драги. Партнерот е покрај вас и е расположен за излегување и дружење,вклучете го во вашите активности. Доколку сте слободни, овој ден ќе ви помине во фантазирање за некој задоволувачки однос или врска отколку во вистинска потрага за истата.

РАК
Ќе успеете да се снајдете во купот обврски кои постојано ви надоаѓаат од сите страни. Засега сте одлучни и истрајни да ги спроведете во дело некои ваши планови, но време е вистински да стапите во акција. Немојте да се преценувате, одредете ги приоритетите и препуштете се на лесно темпо на работа.

ЛАВ
Денес ви е потребно нешто кое ќе ве оттргне од грижите, би било идеално да се впуштите во некои нови активности, со акцент на физичко ангажирање. Се што ќе ви разубави овој ден е да се препуштите во рацете на добар масер или да се почестите себеси со козметички третман.

ДЕВИЦА
Денес за вас централно место ќе биде домот. Ќе бидете сконцентрирани на нештата кои се случуваат во вашето семејство. Со оглед на тоа дека сте навикнати да држите се под контрола, можете да се позанимавате и со некои приватни потешкотии пред да се впуштите во средување на деловните обврски.

ВАГА
Денес ќе бидете во гужва. Телефонот нема да престане да ѕвони, а вие нема да можете да се снајдете во целиот тој хаос. Динамичното темпо ќе ве следи преку целиот ден, но нема да имате некои поголеми грижи. Утрешниот ден настојувајте да го посветите на одморот кој долго време ви е потребен после стресниот период.

ШКОРПИЈА
И понатаму размислувате за пари. За сега ве интересира само начинот на кој можете да ја зголемите вашата добивка. Моментално не се препорачува склопување на нови деловни партнерства. Бидете мудри и искористете ја ситуацијата, двоумењето е нешто кое сега не можете да си го дозволите.

СТРЕЛЕЦ
Денес ќе бидете во хаос, затоа што емоциите ќе ве попречуваат на патот да расудувате објективно. За сега ви е најлесно да се посветите на себеси и вашите чувства. Самоанализата денес ќе ви даде добри резултати. Ѕвездите препорачуваат овој ден да го искористите за да разрешите некои дилеми и стравови. Само така ќе имате позитивен исход.

ЈАРЕЦ
Ве фаќа нервоза пред некој голем настан кој ви претстои. За сега би било добро да се насочите себеси кон нешто кое ве опушта, а во вашиот случај тоа најдобро би се одиграло доколку разговарате со некоја драга особа. Единствениот проблем е во тоа што сте премногу резервирани за овој вид на отворање пред другите.

ВОДОЛИЈА
Денешниот ден е идеален за пријателски контакти. Насочени сте кон една личност за која сметате дека е лекот за вашата болка и ќе ви биде од помош да ја повратите вербата во себе. Внимавајте да не претерувате, засега не сте баш во состојба да проценувате правилно на кого можете да се потприте.

РИБИ
Денес ќе бидете затрупани со обврски. Со оглед на тоа што сте прилично влијателни во новите деловни опкружувања, денес би можело да се каже дека е ваш ден. Се што ќе ви се сервира вие ќе го решавата брзо и ефикасно. Максимално сте насочени на работата и ќе остварувате одлични резултати кои нема да поминат незабележани.

Извор: srekja.mk

Previous Ништо не го подобрува расположението и ги смирува нервите како оваа билка
Next НАЈЧУДНОТО ПЛЕМЕ НА СВЕТОТ – МАЖИТЕ ОД ПЛЕМЕТО ФУЛАНИ ТАНЦУВААТ ЗА ДА ЈА ОСВОЈАТ НАЈУБАВАТА ДЕВОЈКА

No Comment

Leave a reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *