БРАШНО – ДАЛИ ГО ЧУВАТЕ ПРАВИЛНО И КАКО ДА СПРЕЧИТЕ ДА СЕ РАСИПЕ


Сите видови брашно со тек на време се расипуваат, но привлекуваат и непосакувани инстекти без оглед на тоа колку кујната ви е чиста.

Еве како да го спречите тоа:

Купувајте онолку брашно колку што ви е потребно
Немојте да ве измами распродажбата – обидете се да купувате само онолку брашно колку што мислите дека можете да искористите во текот на неколку недели. Брашното привлекува влага, што значи дека може да се расипе многу брзо. Ако можете купувајте брашно на мера, така ќе имате онолку колку што ви треба.

Не го чувајте брашното во хартиени кеси
Наллесниот начин да го одржувате брашното свежо и да спречите да навлегуваат бубачки е да го чувате во пластични или стаклени садови со херметичко затворање. Чувањето во хартиени кеси може лесно да предизвика влага и така ќе доведе до побрзо расипување.

Чувајте го на темно и студено место
Не оставајте го садот со брашно на светло место. Топлината  и сончевата светлина може да го расипат прерано. Наместо тоа најдете место кое е оддалечено од топлотните апарати во вашата кујна.

Замрзнете го
Ако се случи да купите повеќе брачно отколку што можете да искористите во неколку недели, направете место во вашиот фрижидер или замрзнувач. Не заборавајте пред тоа да го ставите во сад со херметично затворање. Брашното може да издржи до година дена ако се чува на овој начин.

Извор: srekja.mk

Previous HITMAN 2 - Helmut Krugermeier
Next СРЕЌЕН ВИКЕНД ХОРОСКОП ЗА 22-23 АВГУСТ 2020 ГОДИНА

No Comment

Leave a reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *