Прво па машко за Стојанче Стоилов и сопругата Деница (фото)


Наследникот на еден од нашите најдобри ракометари, Стојанче Стоилов и на неговата неодамна венчана сопруга Деница, пристигна.

Убавата вест за приновата кај Столов ја сподели нековиот колега, Дејан Манасков кој на Инстаграм „стори“ откри дека бебето е машко, и им честиташе на среќните мама и тато.

Стојанче веројатно од премногу возбуда не стигна ниту да отвори на социјалните мрежи, а камоли да објави нешто.

Но, како и секогаш тоа за него го направи неговиот брат стефан кој објави една братска фотогрфија на која и тој упати честитки, ама и откри дека бешето го добило името Бојан.

Инаку, кон крајот на месец јули, Стојанче и Деница ја озаконија својата врска, а по склучениот граѓански брак имаа мала забава со најблиските.

Извор: vistina.com.mk

Previous Наташа Беквалац проговори за дружењето со Карлеуша: „Кога ми е тешко, Јелена ќе се најде како добра вила“
Next СРЕЌЕН ДНЕВЕН ХОРОСКОП ЗА 20 АВГУСТ 2020 ГОДИНА

No Comment

Leave a reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *