СРЕЌЕН ДНЕВЕН ХОРОСКОП ЗА 18 АВГУСТ 2020 ГОДИНА



На Лавовите им претстои шанса за почеток на нова врска, Близнаците ќе имаат несогласувања со Овен, а Вагите ќе имаат многу обврски…

ОВЕН
Ве очекуваат препреки на деловно поле денес. Нема да стигнете да извршите доста нешта во наредниот период за кои сте очекувале дека ќе ги направите. Денес не ви е претерано поволен ден на љубовен план и на некој начин можете да бидете разочарани. Би можела да ве прати главоболка.

БИК
Денес ќе бидете доста одлучни и без дилема ќе бидете подготвени да прифатите многубројни деловни предизвици. Ве очекува познанство кое ќе доведе до стабилна емотивна врска која ќе трае на долги патеки. Здравјето ви е добро.

БЛИЗНАЦИ
Може да ве следи нервоза на деловно поле во наредниот период. Понекогаш се сомневате во сопствените квалитети. Доколку сте во врска со Овен можно е да имате некои несогласувања. Чувајте се од повреди во пределот на главата.

РАК
Посветени сте на полето на заработка и важно ви е на деловен план да постигнете одредена сигурност. Пред вас е интересно познанство и средба со личност која ќе покаже интерес спрема вас. Не консумирајте алкохол.

ЛАВ
Покажете дека умеете да се изборите за себеси и сте подготвени да тактизирате на деловен план. Флертувајте со личноста која ви се допаѓа. Може да очекувате прилика за почеток на нова врска. Посетете гинеколог.

ДЕВИЦА
Мали препирки со авторитетите можат да ве очекуваат во наредниот период. Не ви е баш лесно да ги почитувате сите правила. Пред вас е можност за искрен и отворен разговор со личност за која искрено се грижите. Проблеми со видот.

ВАГА
Пред вас стојат голем број деловни обврски кои можете да ги исполнувате без нималку проблеми. Можете да очекувате убав ден кога е во прашање љубовта. Со саканата личност делите убави мигови. Мал пад на имунитетот.

ШКОРПИЈА
Може да очекувате успех и остварување на вашите идеи без проблеми на ова поле. Ве очекува интересно љубовно познанство. Можно е да сте малку срамежливи на почетокот. Одлично здравје.

СТРЕЛЕЦ
Пред вас е фаза која може да ви донесе мали дилеми и преиспитување на деловно поле. Можете да очекувате позитивна атмосфера кога е во прашање односот со саканата личност. Ќе ви годи опуштање со пријателите.

ЈАРЕЦ
Можете да очекувате успех на деловен план. Задоволни сте и знаете дека вашиот труд се исплати како и вашата упорност. Пред вас е одличен ден за флертување и нови познанства. Чувствувате дека сте подготвени да ви се појави нова љубов. Стабилно здравје.

ВОДОЛИЈА
Се обидувате да пронајдете начин да ги решите деловните проблеми кои ви се појавиле потполно неочекувано. Партнерот ќе ви покаже дека нема доволно доверба во вас. Не сте задоволни поради вашиот однос. Ќе имате чувствителни синуси.

РИБИ
Можно е да добиете некои нови информации на деловен план. Ве очекува период кој донесува промени. Може да се најдете во одлична атмосфера во емоционалната врска. Подготвени сте да ги покажете вашите чувства. Внимавајте на имунитетот.

Извор: srekja.mk

No Comment

Leave a reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *