Оние кои еднаш ставиле тетоважа на својата кожа, добро ја знаат онаа дека тоа никогаш не завршува со една.
Секако, од ова „правило“ има исклучоци, но пејачката Тамара Тодевска не е меѓу нив.
Добро познато е дека таа е голем љубител на тетоважите кои години наназад ги изработува кај Горан Мичиќ, кој овој пат за неа направи едноставана, но посебна тетоважа.
ФОТО:ГОРАН МИЧИЌ/ИНСТАГРАМ/ПРИНТСКРИН
Станува збор за микрофон на сталак кој сега стои на нејзиното лево рамо.

ФОТО:ТАМАРА ТОДЕВСКА/ИНСАТГРАМ/ПРИНТСКРИН
Ова е втор микрофон кој пејачката го тетовира, а пред неколку години нешто поголем микрофон тетовираше и на ногата.
За потсетување, Тамара Тодевска дури и за бурми избра тетоважа за неа и нејзиниот сопруг.
ФОТО:ТАМАРА ТОДЕВСКА/ИНСАТГРАМ/ПРИНТСКРИН
Инаку, деновиве Тамата заедно со семејството беше на одмор во Турција, а откако се врати се „фрли“ на вежбање и разубавување, па и тетовирање кое не веруваме дека ќе и биде последно.