(ФОТО) ПРЕСПАНСКОТО ЕЗЕРО ГО РАЗУБАВУВААТ ПЕТ РОЗОВИ ФЛАМИНГА


Утрово Преспанското езеро беше разубавено од несекојдневна глетка, пет розови фламинга беа забележани како одмараат од патот за каде што тргнале, соопштуваат од Македонското еколошко друштво.

Овие птици не се гдездат во македонија, но досега повеќе пати биле забележани на прелет. Прв податок за вакво искуство кај нас бил забележан во деведесеттите години, исто во Езерани.

„Птиците беа забележани во село Езерани каде нискиот водостој им овозможува соодветни услови за одмор за време на миграцијата. Фламингата не се гнездат во Македонија но досега повеќе пати биле забележани на прелет. Прв податок за нивно присуство кај нас е од 90-тите на исто место во Езерани. овој пат беше забележана една возрасна единка и четири млади. Бидејќи птиците се гнездат во Грција, Албанија и Црна Гора, не можевме да заклучиме каде ќе се упатат по престојот во Преспа“, информираат од МЕД.

Според орнитологот од Македонското еколошко друштво – Данка Узунова, состојбата на влажните живеалишта и широките појаси на трска овозможува птиците да не бидат вознемирувани и безбедно да се одморат и да се нахранат. Покрај розовите фламинка, забележани се и јата бојници, долгоног пескар и сабјарки.

Ниту еден вид од овие птици не се гнезди кај нас, сите се тука поради миграцијата која се случува со полна пареа. Од еколошкото друштво велат дека е особено интересно присуството на сабјарки кои досега во Македонија биле видени само десеттина пати.

„Ваквите слики не охрабруваат дека напорната работа за зачувувањето на Езерани има позитивни резултати. Езерани е заштитено подрачје повеќе од 20 години и со него управува Општина Ресен која има и посебна ренџерска служба за овој локалитет“, појаснуваат од МЕД.

Извор: srekja.mk

Previous НАУЧНО ДОКАЖАНО – ГРАДИНАРСТВОТО ВЕ ПРАВИ ПОСРЕЌНИ
Next Важи за една од најзгодните жени, а Јована Јоксимовиќ без шминка изгледа вака (фото)

No Comment

Leave a reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *