Ламбе Алабаковски пред некој месец стана татко по вторпат, а сега го покажа помалиот наследник (фото)


Некогашниот македонски пејач Ламбе Алабаковски заедно со своето семејство веќе неколку години живее надовор од Македонија односно во САД.

Тој го замени микрофонот со работа како обезбедува на аеродром. Иако не е дел од јавната сцена, Ламбе е дел од социјалните мрежи.

ФОТО: ИНСТАГРАМ

И таму не е толку многу активен, но кога има нешто ново или радосни вести секогаш ги информира своите следбеници.

Така во месец април, Ламбе откри дека станал татко по вторпат, односно дека тој и неговата сопруга Магдалена добиле уште еден син, а Михаил доби братче.

Парот за својот помал наследник го одбра името Димитриј.

Меѓутоа, сега пејачот за првпат го покажа својот помал наследник.

Имено, на „Инстаграм стори“ тој сподели фотографија како е на прошетка во Чикаго со двајцата наследници, поточно како Михаил го турка во детска количка своето помало браче и уживаат во заедничкото време.

ФОТО: ПРИНТСКРИН/ИНСТАГРАМ/ЛАМБЕАЛАБАКОВСКИ

На другата пак објава, Ламбе го покажа и лиценцето на својот помал наследник кој лежи во лулка, а до него  е неговиот поголем брат.

ФОТО: ПРИНТСКРИН/ИНСТАГРАМ/ЛАМБЕАЛАБАКОВСКИ

Потсетуваме, Ламбе и Магдалена во 2013 година ја круниса својата љубов со брак.

Извор: vistina.com.mk

Previous КЛУЧНИ ПРАВИЛА ЗА НЕГА НА КОЖАТА ВО ЛЕТО КОИ НЕ СМЕЕТЕ ДА ГИ ЗАНЕМАРУВАТЕ
Next СРЕЌЕН ВИКЕНД ХОРОСКОП ЗА 15-16 АВГУСТ 2020 ГОДИНА

No Comment

Leave a reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *