Оливера Ѓорговска која живее во САД, го шашардиса својот црномурест пријател: Прилепчанката му продаде Коперфилд магија или прилепски мајмунлоци? (ВИДЕО)


Некогашната македонска пејачка пред 6-7 години замина во САД, каде својата борба  за место под ѕвездите на македонската естрада ја замени со музичка доедукација. Но „ветената земја“, не би била тоа, зашто покрај школувањето и усовршувањето сите одат таму и во потрага по забава и животна среќа.

Така и згодната прилепчанка откако заврши со својата музичка донаобразба, им се препушти на убавините на уживањето во „земјата на слободата“ на умот и духот. Забави, дружења, понекој љубовник…

Од Лас Вегас до ЛА и Холивуд, од градот на комарот и забавата до градот на гревот… И во сета таа магија, Оливера многу нешта виде, но и многу тоа научи, па дел од „купената магија“ почна и да ја „продава“… Не за пари секако, туку токму за дзаради добра забава.

Така македонската убавица на својот црномурест пријател или што ли ќе да и е веќе, му продаде магионичарски трик, волшебство кое за миг го „извади од панаталони“, особено што се’ му случуваше не само пред нос, туку и в рака.

Имено, Оливера го шашардиса момчето, со тоа што  згодната прилепчанка му „продаде“ Коперфилд магија или прилепски мајмунлоци? А можеби и од двете по нешто! Од она што го носи во себе во генот од местото на своето потеклото, надоградено со она што го видела и научила на гурбет, по белиот свет.

Како и да е, магијата и успеа, а вчудовидениот пријател остана со ококорени очи и подзината уста, па така насамарен имаше само една желба пуста: Да проба и тој да го направи истото… Само што наместо кутивчето со кибритчиња, посака да исчезне – Оливера!

Впрочем, погледнете како изгледаше сето волшебство на нашата прилепчанка, која направи црномурестиот фраер да се почувствува како… „паднат од гранка“!

View this post on Instagram

SPOOKY 👻 @jibrizy #magic

A post shared by Oly Vera (@olyveramusic) on

Извор: vistina.com.mk

No Comment

Leave a reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *