Роденденот е посебен ден во нашиот живот, датум кој еднаш во годината го одбележуваме и славиме.
Некои родендените сакаат да ги одбележат со големи прослави, со неколку стотици гости, гламурозни забави, а некои сакаат тоа да биде мала прослава во кругот на најблиските пријатели, роднини, во кругот на семејството.
Една млада македонска пејачка го слави својот роденден, а во кусите приказни на „Инстаграм“ доби многу честитки.
Меѓутоа, посебна честитка доби и од нејзината мајка која на својот „Инстаграм“ објави неколку фотографии од пејачката и во описот напиша емотивна порака:
„Девојче моја, моја прва љубов, моето се’. Tи ја посакувам целата среќа на планетата, да продолжиш да сонуваш, соновите да ти се остварат, цврсто да газиш по ѕвезденото небо и секогаш да бидеш насмеана и сакана. Среќен роденден Цацицке моја, те сака мама“, пишува во објавата.
Погодувате ли за која млада пејачка е на фотографијата?
Станува збор за Ања Ветерова која денес (13.08.2020) го слави својот 21 роденден, а по тој повод пристигнаа бројни честитки на нејзината адреса
.
ФОТО: ИНСТАГРАМ/АЊАВЕТЕРОВА
Инаку, Ања е на релација Македонија – САД односно Бостон каде што студира на престижната музичка академија Беркли.
ФОТО: ИНСТАГРАМ/АЊАВЕТЕРОВА
Потсетуваме, таа пред некој месец доживеа вистинска голгота кога поради пандемијата со коронавирусот одлучи да се врати на одреден период во Македонија, а на патотот од САД до Охрид преживеа вистинска голгота.
За среќа, тоа е дел од минатото, а сега Ветеров ќе може на раат да си го прослави својот роденден.
Среќен роденден.
Извор: vistina.com.mk