Ја прашаа Јелена Јованова кога ќе има 5-та сезона на „Преспав“ – еве што одговори (фото)


По завршувањето на одредена сезона на серијата „Преспав“, фановите веднаш бомбардидаар со прашања дали ќе има продолжение.

Во јануари оваа година со 20-та епизода насловена „Лицитација“, заврши и 4-та сезона на македонскиот ситком „Преспав“.

Во последната сезона,  пансионот пропадна поради неплатениот кредит на Миле, па се случи лицитација на која присутните наддавачи, а и гледачите се шокираа од спасителот кој понуди милион евра да го купи пансионот.

Спасителот кој дојде на коњ со полна торба пари, беше ни повеќе ни помалку, туку актерот Владо Јовановски кој во втората сезона беше заменет со Игор Џамбазов како Миле Бузалевски.

Оваа сезона заврши доста мистично, а уште тогаш фановите започнаа да прашуваат дали ќе има следна сезона.

Поради пандемијата со коронавирусот, во светот и регионот се откажени многу снимања на серии, филмови, како и настапи и големи културни манифестации.

И во време на короната преспавци, снимија вонредната епизода наречена КОВИД еден без двајсе, а фановите се во нетрпение да го следат петотто продолжение.

Имено, Јелена Јованова која во „Преспав“ ја играше улогата на Јелена од Драчево, неодамна на социјалните мрежи сподели фотографија од својот наследник, а во коментарот на истата следеше прашањето:

„Кога ќе има 5-та сезона на Преспав“, а актерката веднаш одговори: „Не знаеме“.

Јелена е  веќе 5 години  во среќен и хармоничен брак со колегата од Хрватска – актерот Стјепан Периќ.

Извор: vistina.com.mk

No Comment

Leave a reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *