Ова масло ја отстранува болката во колената


Против болки во зглобовите и горење во колената помага средство на база на растително масло и лавров лист.

Ставете да зоврие една чаша растително масло, изладете го и додајте 30 г лавров лист. Листовите исечкајте ги ситно, но не во прав. Оставете го тоа да отстои две недели, а потоа исцедете го.

Приготвеното средство втривајте го во болните зглобови, не премногу силно, но додека се апсорбира целосно. Кожата притоа малку се загрева и црвенее.

Спроведувајте ја лековитата сеанса пред спиење, така што потоа ќе се загреете и ќе легнете да се одморите.

Добро е да го правите ова во близина на извор на топлина – покрај печка или радијатор, никако на провев.

Извор: Курир.мк

Previous Вака изгледа ќерката на Ацо Пејовиќ која никогаш не се појавува во јавност (фото)
Next Твојата постара сестра знае понекогаш да биде вистинско ѓубре

No Comment

Leave a reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *