Човек намали скоро 90 килограми за помалку од една година за да може да се вози на ролеркостер


Џеред го посетил „Кингс Ајленд“ забавен парк во Мејсон, Охајо, неколку пати во животот, но откако се здебелил не можел да оди на сите атракции. Тој вели дека забавниот парк е неговото „среќно место“ и многу се растажил од фактот дека повеќе не се „вклопувал“ и одбивањето за него била „прошетка на срамот“.

На 15 август 2019 година, од забавниот парк најавиле дека ќе прават нов огромен ролеркостер и ова сменило се за Џеред. Тој бил решен да може да се вози на тој ролеркостер. На денот на најавата тој донел одлука да ослабне до денот кога ролеркостерот ќе биде пуштен.

Тогаш тој си поставил за цел да губи по 10 килограми секој месец и, по строг режим на диети и вежби, успешно го стори тоа. 35-годишникот вели дека добил на тежина откако од физички активна работа се префрлил на канцелариска и во еден момент тежел 195 килограми.

Но, по неговото слабеење, кога Кингс ги отвори своите врати за прв пат на 2 јули по пандемијата (со безбедносни мерки) и на Џеред му се исполни желбата. Новиот ролеркостер не го разочарал и тој се возел дури 4 пати.

Извор: motika.mk

Previous СРЕЌЕН ДНЕВЕН ХОРОСКОП ЗА 7 АВГУСТ 2020 ГОДИНА
Next Замисли одиш на работа рано на сабајле и денот ти започнува вака!

No Comment

Leave a reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *