Сигурно сте слушнале нечие позитивно искуство дека пиењето јаболков оцет помага во напорите за слабеење.
Пиењето јаболков оцет има бројни здравствени предности, но треба да внимавате како и кога го пиете.
Нутриционистите препорачуваат да користите домашен јаболков оцет, а не индустриски, бидејќи тој може да содржи конзерванси и други адитиви. Исто така, треба да се пие разреден со вода.
Треба да имате на ум дека јаболковиот оцет не е магичен еликсир кој може да ги реши здравствените проблеми. Овој напиток нема да има ист ефект кај секого, па треба да ги знаете и негативните ефекти.
Gravity Transformation – Fat Loss Experts имаат одговори на сите прашања што некогаш сте ги поставиле во врска со јаболковиот оцет, вклучувајќи го и она „главното“: Дали помага за слабеење?
Извор: kajgana.com