in , ,

Овој господин со големо срце и го разубави денот на македонската дива Калиопи (видео)

Македонската дива Калиопи со својата музика и своите хитови им го разубавува денот на своите фановите, љубители на нејзината музика.

Во изминатите месеци додека траеше вонредната состојба поради пандемијата со коронавирусот, пејачката најде начин на своите фановите ширум светот да им го олесни периодот.

Така, таа често се вклучуваше во живо на својот „Инстаграм“ каде пееше со своите фанови, колеги од регионот и држеше онлајн концерти.

Калиопи со својата музика им го разубавуваше денот, животот на луѓето.

Меѓутоа, деновиве и еден господин со големо срце и го разубави денот на нашата пејачка.

Имено, станува збор за пејачот Жељко Самарџиќ, кој освен колега, е добар пријател на Калиопи.

Додека Жељко се возеше на бродче, во позадина одеше песната „Црно и бело“ од нашата пејачка, а Самарџиќ и прати поздрав на Опи: „Чао, мила моја“, се обрати пејачот на пејачката.

Овој момент Калиопи го сподели на својот „Инстаграм“, а во описот напиша:

„Овој голем господин, со големо срце и глас, а мој голем пријател со овој поздрав ми го разубави денот, животот…И како човек да не биде среќен кога има вакви пријатели. Корона? Што? Молим?. Те сакам“ напиша пејачката во описот.

https://www.instagram.com/p/CDbFIYEnFvZ/?utm_source=ig_web_copy_link

Под објавата веднаш следеше и одговор од Жељко кој  напиша:

„Јас тебе те сакам многу“.

Инаку, Самарџиќ речиси под секоја објава на Калиопи и коментира, упатувајќи убави зборови за нашата пејачка.

Извор: vistina.com.mk

What do you think?

Written by Ljubomir Pepic

Имам 40 години и доаѓам од Велес

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

СРЕЌЕН ДНЕВЕН ХОРОСКОП ЗА 5 АВГУСТ 2020 ГОДИНА

Е ова се сложни комшии! Си направиле заеднички базен