in

ЗОШТО МАЧКИТЕ ЈА МЕНУВААТ БОЈАТА НА СВОЈОТ НОС – ДАЛИ ТОА ТРЕБА ДА ВЕ ЗАГРИЖИ?

Бојата на носето на мачките понекогаш е светлорозева а понекогаш станува темнорозева

Можеби сте забележале дека носето на вашето милениче умее да ја промени бојата па од светлорозево да стане темнорозево. Дали е тоа причина за загриженост?

Носевите на мачките ја менуваат бојата кога мачката е возбудена и среќна после играње или кога е под стрес, и кога ќе се исплаши. Тоа се случува кога ќе дојде до ненадеен раст на бројот на отчукување на срцето, односно забрзан пулс и скок на крвниот притисок – објаснува др. ветеринар Џени Кистлер од болницата за животни Brandermill во Вирџинија.

Нема причина за загриженост ако бојата на носот набрзо се врати во нежнорозова боја како и порано..

Важно е да се знае дека температурата на телото има улога во овој феномен. Носот на мачката е дел од телото каде се изразени крвните садови па поради тоа реагира на промена на температурата на телото на мачката која може да биде предизвиката од надворешните темпертури.

Кога е студено, бојата на носот на мачките е во светла боја а во текот на летните денови е потемна.

Извор: srekja.mk

What do you think?

Written by Ljubomir Pepic

Имам 40 години и доаѓам од Велес

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

СРЕЌЕН ДНЕВЕН ХОРОСКОП ЗА 4 АВГУСТ 2020 ГОДИНА

Сања Цинцева по теркот на Маја Беровиќ и Теодора Џехверовиќ – Модерна и секси во „Барбика кралица!“ (видео)