Четири прашања кои треба да си ги одговорите пред да го смените работното место


По завршувањето на средно училиште или факултетско образование, многумина од нас сонуваат за реализирање на успешна кариера во избраното поле.

Сепак, некои луѓе, иако успеале да најдат работа по струга и биле (релативно) успешни во тоа што го работат, сакаат да пробаат нешто ново. Бараат нов предизвик, нови видици, промена.

Други пак, работеле нешто сосема поразлично од она за кое биле квалификувани, но не се пронаоѓаат во таа струка и сакаат да се обидат со нова кариера.

Кои и да се причините, пред да го смените работното место, треба да си ги поставите следните четири прашања и искрено да си ги одговорите.Дали чувствуваш страст кон оваа работа?

Дали чувствуваш страст кон оваа работа?

Многу е важно работата која ја работитеда ја обавувате со голема жар и страст. Ако сте безволни, незаинтересирани и неисполнети, тоа ќе се одрази на вашата работа и на вашето ментално здравје. Ниту една сума на плата нема да може да ја надомести страста на работењето нешто што го сакате и задоволството од сработеното и фактот дека нешто создавате.Каде се гледаш себе си за неколку години?

Каде се гледаш себе си за неколку години?

Кога ќе си го поставите ова прашање подобро ќе разберете дали воопшто сте подготвени за овој чекор. Јасната визија, но и јасниот план за реализација се најважни алатки при менување на кариерата. Бидете реални со себе и објаснете си дали ова е правилно и изводливо. Исто така треба да се замислите и да си одговорите искрено на прашањето дали се гледате себе си во таа бранша на работа по неколку години. Треба да бидете сигурни дека можете да се посветите на потребите на таа работа и да се прашате како оваа промена ќе се одрази на вашиот личен и семеен живот.Кои се твоите очекувања?

Кои се твоите очекувања?

Тоа што сакате да ја смените кариерата не значи и дека ќе успеете во тоа. Мора да се подготвите за неуспех и да бидете реални дека и покрај сите ваши напори и најдобри намери, ова можеби нема да успее. Поставете си реални цели и сослушајте ги советите на луѓе кои веќе го направиле тоа, но и луѓето кои добро ве познаваат.Кој може да ти помогне?

Кој може да ти помогне?

Ова е многу важно прашање. Не станува збор за непотизам или „патерица“ од каков било вид. Напротив, станува збор за систем на поддршка, советници, па дури и партнери во вашата голема промена. Прифатете ја понудената помош и со достоинство повлечете се од таму каде нема да ви биде дадена. Помошта од семејството и пријателите е многу важна, дури и ако е само во форма на поддршка, охрабрување и советување.

Извор: kajgana.com

No Comment

Leave a reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *