Многу честитки и торта која не беше роденденска: Семејна прослава во домот на Лозано (фото)


Минатиот месец, поточно на 27 јуни, на поп пејачот Влатко Лозаноски му беше роденден и наполни 35 години.

Тогаш на негвиот профил на Инстаграм му пристигнаа многу честитки со убави мисли, а за објавените фотографии доби илјадници допаѓања од фановите и пријателите.

За Влатко е познато дека кога приватноста е во прашање, тој е меѓу најрезервираните.

Многу ретко, па речиси никогаш не може да го видиме во друштво на најблиските, саканата (за која е непознато дали сега ја има или не).

Кога јавноста за првпат ја виде неговата мајка, тој пушти срце и и честиташе роденден на својот Фејсбук.

Овој пат во семејството имаа причина за мала интимна прослава по повод пензионирањето на неговиот татко Златко, но сега неговата сестра, писателката Марија Лозаноска и обзнани на јавноста.

„Најстариот во семејството ни се пензионира. Татко ми Златко влезе во еден од поубавите периоди во животот. Долги години да си ја уживаш пензијата!“ –напиша Марија, а потоа се редеа честитките за среќни пензионерски денови.

Извор: vistina.com.mk

Previous СРЕЌЕН ДНЕВЕН ХОРОСКОП ЗА 29 ЈУЛИ 2020 ГОДИНА
Next ГОРДИ, СТРАСТВЕНИ, ТЕАТРАЛНИ: ТОА СЕ ЖЕНИТЕ ЛАВИЦИ

No Comment

Leave a reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *