Столе Стоилов откри пред јавноста како изгледаше денот на неговата венчавка (фото)


Деновиве еден од нашите најдобри ракометари и кепитен на „Вардар“, Стојанче Стоилов „заигра“ на брачен терен!

Имено, тој се потпиша во матично и својата љубов со саканата Деница Огненовска ја официјалнизираше на документ.

Со изводот од Книгата на венчани, Столе и Деница возбудени од денот „Д“, направија мини фотосесија како Г-н и Г-ѓа Стоилов, а потоа и интимна забава со најблиските.

Тогаш неговиот брат Стефан објави една фотографија и со тоа пред јавноста и медиумите откри дека во нивниото семејство и официјално имаат снаа и бебе на пат.

За Столе напишавме дека е резервиран кога приватноста во порашање, но тој направи преседан и објави неколку фотографии од венчавката.

За потсетување, Столе и Деница чекаат бебе, чиј пол засега е се уште непознат, а сега веќе брачните партнери претходно беа во неколкумесечна врска.

Извор: vistina.com.mk

Previous СРЕЌЕН ДНЕВЕН ХОРОСКОП ЗА 28 ЈУЛИ 2020 ГОДИНА
Next Перо Антиќ му остави коментар на Душко Тошиќ откако тој покажа како го минува времето во карантин (фото)

No Comment

Leave a reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *