ПОДОБРЕТЕ ГО КВАЛИТЕТОТ НА ВАШИОТ ЖИВОТ СО САМО НЕКОЛКУ ЧЕКОРИ



Ви споделуваме неколку совети кои можат да ви помогнат да го подобрите вашиот живот. Секоја личност има свои ставови и уверувања и стил на живот, па веројатно нема да можете да ги следите сите но секој напредок е добредојден.

~Живејте по 3 Е: Ентузијазам, емпатија и енергичност.

~Секој ден пешачете минимално 10 минути. И додека шетате, смешкајте се. Ова е најдобриот антидепресив.

~Седете во тишина секој ден најмалку 10 минути.

~Секое утро кога ќе се разбудите одлучете која ќе биде вашата цел тој ден.

~Читајте повеќе книги.

~Одвојте време за медитација или молитва. Тоа ќе ја исполни вашата потреба за енергија за денот кој ви претстои.

~Сонувајте додека сте будни.

~Јадете повеќе свежа храна а помалку преработена.

~Бијте вода и билни чаеви.

~Обидете се во денот да насмеете барем три личности.

~Исчитестете го домот, работната површина за да и дозволите на позитивната енергија да протече.

~Немојте да го трошите драгоценото време на безвредни работи како оговарање, осудување, негативни мисли. Сконцентрирајте се на убавите и позитивни нешта во сегашноста.

~Сфатете дека животот е училиште во кое постојано учите. Проблемите се составен дел од животот и лекции кои ќе ги усвоите за цел живот еднаш кога ќе ги совладате.

~Смејте се повеќе.

~Немојте ништо да сфаќате премногу сериозно, особено не себеси.

~Не морате да победите во секоја расправа.

~Немојте да се споредувате со другите затоа што сечиј пат е единствен.

~Тоа што го мислат другите за вас е нивна работа и не ве засега.

~Времето лечи се.

~Колку и да е лоша вашата моментална ситуација – ќе се промени.

~Ослободете се од нештата кои не ви користат и не ве развеселуваат.

~Најдоброто допрва пристигнува.

Извор: srekja.mk

Previous СРЕЌЕН ВИКЕНД ХОРОСКОП ЗА 25-26 ЈУЛИ 2020 ГОДИНА
Next НЕШТА ЗА ФИНАНСИИТЕ КОИ МОРАТЕ ДА ГИ ЗНАЕТЕ И ЌЕ ВИ БИДАТ ОД КОРИСТ

No Comment

Leave a reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *