НЕШТА ЗА ФИНАНСИИТЕ КОИ МОРАТЕ ДА ГИ ЗНАЕТЕ И ЌЕ ВИ БИДАТ ОД КОРИСТ


Митови и вистини за финансиите кои треба да ги знаете

Џонатан Клементс, авторот на прирачникот 25 Myths You’ve Got To Avoid If You Want To Manage Your Money Right, во секое поглавје пишува за некој популарно врежан финансиски мит кој е всушност тешко изведлив. Со некои наводи можеби ќе се сложите, а со други можеби и нема.
Еве што тој открива околу финансиските мислења.

Можете да имате се
Релноста е таа дека никој не може симултано да отплатува долгови, да штеди, да купи дом, кола, да има активно штедење за пензија и сето тоа без минус на картичките. Во реалноста сепак морате да поставите приоритети, да донесувате тешки одлуки и да прави планови околу тоа кои цели ви се најважни.

Ако најдете добра работа, сигурни сте за остатокот од животот
Реалноста е дека ничија работа не е сигурна, а ако е баш сигурна, тогаш платата е толку мала што со неа не можете да живеете.

Вложувањата се ризични
Реалноста е дека долгорочно гледано, вложувањето во акции не донесуваат многу добивка, но се ризични како и другите вложувања. Сепак ако се обидувате да се збогатите преку акции тогаш се ризични.

Сите треба да имаме шестмесечна заштеда во случај на губењето на работата
Реалноста е дека мал број луѓе можат да успеат во ова. Сепак треба да се осигурате за да имате со што да преживеете до наредните 6 месеци а тоа вклучува минус на картичките, па можеби ќе морате да побарате позајмица или да продадете некој дел од имотот.

Кредиток е опасен
Реалноста е дека навистински е опасен, но понекогаш е многу подобра алтернатива отколку никогаш да немате автомобил, да не одите на факултет или слично.

Треба да купите најголем стан кој можете да си го дозволите
Реалноста е дека вложувањето во недвижнини може да биде вистински ризично. Големата куќа не треба да се купува за подоцна да можете да заработите на неа туку ако навистина ви е потребна голема куќа.

Купувајте на попуст за да заштедите
Реалноста е дека со трошењето не можете да заштедите. Потрошените пари се потрошени.

Извор: srekja.mk

Previous ПОДОБРЕТЕ ГО КВАЛИТЕТОТ НА ВАШИОТ ЖИВОТ СО САМО НЕКОЛКУ ЧЕКОРИ
Next Најпознатата македонска ТВ водителка ќе прави нова кариера на „стара слава“: Лила му се враќа на пеењето? (ВИДЕО)

No Comment

Leave a reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *