Лила Филиповска е една од најпознатите македонски ТВ лица, а гледачите популарната водителка последниве години ја препознаваат по најгледаното гејм шоу кај нас, „Се или нешто“, во кое секој ден може да ја видат на ТВ Сител. Но, покрај водителската професија и нејзината најнова „тезга“ на социјалните мрежи – инфлуенсерството или користењето на популарноста за надополнување на сопствениот буџет, можеби само оние повозрасните паметат дека Лила отсекогаш не била само ТВ водителка.

Нејзините почетоци во работата како „самостоен обезбедувач на сопствената егзистенција“ се врзани за здравството, поточно социјалните грижи, зашто Лила започнала да работи како сестра – негувателка, но бргу сфатила дека поривот ја влече кон нешто што поврзано со јавната професија, па во тогашната „Зимско рекреативната програма“ на МТВ ги прави првите водителски чекори. Но, дури откако ќе помине на ТВ Сител каде е и ден денес „незамнелива“ во нивниот забавен сегмент, станува она што е – препознатливо и популарно ТВ лице.
Целосниот натпис моЖете да го најдете на наредниот линк: Најпознатата македонска ТВ водителка ќе прави нова кариера
Извор: vistina.com.mk