СРЕЌЕН ДНЕВЕН ХОРОСКОП ЗА 22 ЈУЛИ 2020 ГОДИНА


Денес Лавовите треба да се погрижат за своето здравје, Девиците ги очекува завршување на некоја работа која подолго се одложува, а на Вагите ќе им годи кратко патување..

ОВЕН
Сите напори кои ги вложувате за да успеете во некоја работа ќе бидат успешни. Ќе бидете понапред од вашите противници и ќе ја играте главната улога во донесувањето на важни одлуки. Вашиот приватен живот стагнира поради напредокот на вашиот бизнис. Посветете малку време и на саканите.
Д

БИК
Ќе запознаете влијателни луѓе и вашиот круг ќе се прошири. Можна е промена на работното место. Некој член од вашето семејство ќе има здравствени непријатности, внимавајте. Ви претстои економски поволен период. Добрата финансиска состојба ќе ви помогне да ги пребродите сите проблеми.

БЛИЗНАЦИ
Денес ќе работите со полна пареа. Вашите колеги ќе ве поддржуваат во сето она кое ќе го правите. Внимавајте при трошењето, можно е да фрлате пари на непотребни нешта. Вашите сомнежи околу другите луѓе ќе се покажат како погрешни.

РАК
Ќе добиете добри вести кои ќе ја подобрат вашата состојба на работното место. Ќе се чувствувате особено емоционални, треба да ја подобрите врската со партнерот. Ќе трошите пари на забава, бидете попаметни со финансиите.

ЛАВ
Погрижете се за вашето здравје. Ќе се чувствувате физички исцрпени. Ова е поволен период за да направите неко инвестиции. Доколку на ваш член од семејството му претстои предлог за брак, ги очекува доста среќен живот.

ДЕВИЦА
Некоја работа која се оддолжувала веќе подолго време конечно ќе биде завршена. Не бидете мрзеливи, патувањето ќе ви донесе добивка. На работното место ве очекува пријатна атмосфера. Ќе работите посветено.

ВАГА
Ви претстои поволен период за бизнис идеи и нивно остварување. Ќе бидете презатрупани од обврски и едвај ќе пронаоѓате време за себе. Испланирајте кратко патување со блиските, заслужувате малку релаксација.

ШКОРПИЈА
Емоциите ќе владеат со вас овој ден. Ќе се водите со срцето наместо со разумот при донесувањето на некои одлуки а тоа може да ве стави во непријатни ситуации. Ќе бидете поддржани околу некоја ваша идеа или верување. Ќе се чувствувате самоуверено поради тоа.

СТРЕЛЕЦ
Незавршената работа која веќе долго ви стои конечно ќе биде завршена. Ќе имате среќа во домот и вашето здравје ќе биде одлично. Ќе добиете вести кои ќе ве израдуваат.

ЈАРЕЦ
Ќе направите значаен напредок на работното место што ќе ги натера вашите колеги да бидат завидливи на вашиот успех. Ќе треба да направите некој избор но резултатите од тој избор ќе значат губење на нешто.

ВОДОЛИЈА
Ќе го поминувате времето во опуштена атмосфера и забава со најблиските и пријателите. Со леснотија ќе ги извршувате сите работни обврски. Ќе успеете да одбраните некој ваш колега со самодоверба. Немојте да брзате при донесување на одлики во врска со финансиите.

РИБИ
Инвестициите кои ќе ги направите ќе бидат корисни. Некоја женска особа ќе ви се спротивстави околу некој ваш став. Вашата емоционална страна ќе ви помогне во создавањето на уметнички работи.

Извор: srekja.mk

Previous 6 типични појави за секое новороденче во првите недели од животот
Next Антониа Гиговска отворено за љубовта со Иван: „Многу од моите блиски не ја прифаќаа врската“

No Comment

Leave a reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *