Секоја дама треба да поседува едно шишенце од ова масло: Ги брише брчките и ја обновува и најоштетената коса


Маслото од морков поседува многубројни лековити својства, па дури и малата количина од ова драгоцено масло има долготрајни поволни ефекти врз вашиот изглед.

Исто како и растнието од кое потекнува, маслото од моркови е богато со витамините А, Ц, и Е и со бета каротен. Витамините А и Е, во комбинација со бета каротенот се клучни за обновување на кожата и косата.

Бета каротенот, исто така ја балансира pH-вредноста на кожата, помага во борбата против сувото лице, но и ја поттикнува регенерацијата на клетките и ги ублажува ситните брчки. Резултатот од користењето е нежна и мазна кожа.

Поради сите придобивки кои ги има, често се наоѓа во составот на кремите, лосионите и препаратите за нега на коса. Маслото од морков е едно од најквалитетните масла за нега, а одлично е тоа што можете и сами да го направите и да го користите самостојно или како додаток во кремите и шампоните.

Ја обновува оштетената коса
Маслото од семки од морков е повеќекратно корисно за вашата коса. Тоа го стимулира нејзиното растење, ја прави косата помека, помазна и посјајна, ја поттикнува циркулацијата во темето, го зацврстува коренот на косата и ја штити од штетните влијанија од околината, како што се сончевите зраци и нечистотиите.

Ставете 5-6 капки етерично масло во регенераторот за нега на коса кој го нанесувате по шампонот.

Ја негува кожата
Ја освежува кожата и ѝ овозможува антиоксидативна заштита, ја хидрира и ја спречува појавата на брчки и стрии. Со оглед на тоа што ги зацврстува капиларите, се применува и во случај на купероза и розацеа. Можете да го нанесувате секоја вечер на лицето, самостојно или да го додадете во кремот кој инаку го користите.

Еве како да направите домашно масло од морков:

Потребни состојки:

• 2 моркови

• кокосово или маслиново масло

Измијте ги, излупете ги и изрендајте ги морковите, па ставете ги во тенџере. Прелијте ги со кокосово или маслиново масло, така што тоа целосно ќе ги покрие. Гответе на тивок оган додека маслото не добие портокалова боја (може ќе бидат потребни и неколку часа).

Процедете го маслото низ чиста газа и ставете го во стаклен сад со капак. Вака приготвеното масло може да се користи во наредните 6 месеци.

извор: точка.ком.мк

Previous Брз џем од кајсија, без варење и мешање – готов за половина час
Next СРЕЌЕН ДНЕВЕН ХОРОСКОП ЗА 23 ЈУЛИ 2020 ГОДИНА

No Comment

Leave a reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *