Брз џем од кајсија, без варење и мешање – готов за половина час


Додека сè уште трае сезоната на кајсии, пробајте да го направите овој џем – се подготвува брзо и лесно.

Сè што ви е потребно се 1.5 килограм исчистени кајсии и 600 грама шеќер.

Кајсиите добро измијте ги, исчистете ги и ставете ги во подлабока тепсија, може да ви послужи и некое поголемо тенџере или пак земјен сад.

Ставете го шеќерот внатре во нив, покријте со алуминиумска фолија и ставете ги во загреана рерна на 200 степени да се крчкаат. Во текот на нивната подготовка проверувајте ги.

По половина час, извадете ја фолијата и помешајте го џемот. Ќе забележите колку сето тоа изгледа убаво и дека смесата пуштила сок.

Може во мала чинија да ставите малку од џемот. Оставете да отстои неколку минути, па проверете дали ви одговара густината.

Доколку сакате може дополнително да го допечете.

Врелиот џем ставете го во загреани тегли и веднаш затворете ги. Замотајте ги во дебело ќебе.

Извор: точка.ком.мк

Previous Антониа Гиговска отворено за љубовта со Иван: „Многу од моите блиски не ја прифаќаа врската“
Next Секоја дама треба да поседува едно шишенце од ова масло: Ги брише брчките и ја обновува и најоштетената коса

No Comment

Leave a reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *