6 типични појави за секое новороденче во првите недели од животот


Во новото #ДомаСоЛеа видео објаснувам некои работи со кои што веднаш ќе се соочите кога ќе го добиете вашето новороденче в раце. Доколку не знаете што да правите во врска со хигиена на бебето, папочето, ждригање, икање, лупење на кожата и уште неколку работи, не се воздржувајте да пребарувате на интернет и да ги проверите советите со други родители, мамички на фб инста и твитер и тн.

Леа Ризаова го отвори Јутуб каналот Дома со Леа во 2018 откако се роди нејзината прва ќерка Зара. Идејата беше да се преслуша себеси како родител и да даде поддршка на сите нови и идни родители преку прикажување на реални родителски предизвици, различни од она што не учат старите книги и го гледаме како пример на Инстаграм. Видеата ги прави според ситуациите со кои се соочува како мајка и се труди покрај личните увиди да пренесува и актуелни сознанија за кои има малку ресурси на македонски јазик. Јутуб каналот Дома со Леа е личен влогерски проект со над 70 авторски видеа, не заборавајте да дадете LIKE и SUBSCRIBE ако ви се допаѓаат содржините.

No Comment

Leave a reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *