Без него не можат голем дел од македонските пејачки: Ова е Македонецот кој откри дека добил повеќе понуди за учество во балканските реални шоуа (фото)


Прашањата кои следбениците ги поставуваат на Инсатграм, на познатите им стана пракса да ги одговараат, а јавноста на тој начин успева да дознае нешто повеќе за нив.

Овој пат од страната на оние што одговараа прашања беше момчето без кое не можат голем дел од пејачките на нашата естрада, водителките, манекениките…

Станува збор за стилистот за шминка и фрузура и наедно сопственик на салон за убавина, Даниел Николовски.

Елена Ристеска, Антониа Гиговска, Тамара Тодевска, се само мал дел од познатите кои не би можеле да имаат некоја форма на претставување, без да бидат „стокмени“ од талентираниот Даниел.

Исто така и некои од српските пејачки кога доаѓаат кај нас, знаат дека треба да се обратат кај него.

Даниел го следат многу девојки и жени и безрезервно ги прифаќаат неговите сугестии кога е убавината во прашање.

Тој одговараќи прашања на Инстаграм одговори на такво дали добил понуда да учествува во ријалити, на што имаше интересен одговор.

Искрено не знам зошто секогаш сум добивал покани за баклканскиве реални шоуа, но дефинитивно не е тоа место каде се гледам, освен за некоја посериозна цифра, одоговори Даниел додавајќи и „смајли емотикони“.

Ако тоа некогаш се случи, останаа нашите пејачки без омилениот стилист.

Извор: vistina.com.mk

Previous Едноставни трикови: Со помош на овие совети ќе ја одберете најсочната и највкусна лубеница
Next 6 типични појави за секое новороденче во првите недели од животот

No Comment

Leave a reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *