Во иднина и лисиците ќе бидат домашни животни?


Експериментот на еден советски научник живее и ден денес. Одбрани лисици се одгледуваат меѓу луѓе со генерации со цел да се припитомат и во иднина да станат новите кучиња и мачки.

Дмитриј Белјајев бил советски зоолог кој се занимавал со генетски истражувања. Во 50-тите години на минатиот век во Сибир започнал експеримент на припитомување диви лисици, процес кој трае до ден денес.

Скоро 70 години подоцна, лисици од последната генерација на Белјајев се пријателски настроени кон луѓето, не се плашат и не се агресивни, но сѐ уште не се на исто ниво како кучињата и мачките. Во иднина, тоа веројатно ќе се промени и лисиците ќе бидат новото домашно милениче.

Извор: kajgana.com

Previous Александра Јанева каква не сте ја виделе: Пејачката со впечатлива промена и неколку килограми во минус (фото)
Next Лидија Вукиќевиќ и Јелена Карлеуша во исто бикини – на која подобро и стои?

No Comment

Leave a reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *