in ,

Александра Јанева каква не сте ја виделе: Пејачката со впечатлива промена и неколку килограми во минус (фото)

Пејачката Александра Јенева, која многумина ја нарекуваат девојката со вонсериски глас, изненади на својот Инстаграм со најновите фотографии.

Поради коронавирусот, музиката и настапите веќе подолго време не се на секојдневниот распоред на естрадата, па дури и средувањето за фотосесии и пред камери за нив стана реткост.

Александра перидов доста се прмени, а веројатно ваквата физичка промена и неколку килограми во минус сакаше да ги овековечи во неколку фотографии за кои ја подготвија тим од стилисти.

https://www.instagram.com/p/CC0iXRWDRPe/?utm_source=ig_web_copy_link

Мора да се согласиме дека изгледа фит, модерно и секси, а тоа не пропуштија да го забележат нејзините следбеници од кои доби многу ласкави комплименти на сметна на изгледот.

Инаку, последната песна која ја издаде „Комета“ беше пред речиси една година, но истата се уште одлично поминува и постојано се врти на телевизија и радио.

Извор: vistina.com.mk

What do you think?

Written by Ljubomir Pepic

Имам 40 години и доаѓам од Велес

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

СРЕЌЕН ДНЕВЕН ХОРОСКОП ЗА 20 ЈУЛИ 2020 ГОДИНА

Во иднина и лисиците ќе бидат домашни животни?