Аруба е островска полунезависна држава во Карипското Море во близина на венецуелскиот брег.
Официјално е дел од Холандија како една од четирите уставни држави. Официјални јазици се холандски и папименто. Има површина од 180 км² на која живеат 112.309 жители. Главен град е Оранјестад со 35 илјади жители. Мнозинството од населението се Арубанци кои се мешавина од Холанѓани, Африканци и домородните Араваци, оригиналното население на карипските острови.
Иако е дел од Кралството Холандија, Холанѓаните ретко се решаваат да го посетат овој карипски рај каде најголемиот дел од туристите се Американци и Канаѓани.
За да ги видите сликите кликнете на наредниот линк: ФОТО: Убавините на Аруба
Извор: kajgana.com