СРЕЌЕН ДНЕВЕН ХОРОСКОП ЗА 17 ЈУЛИ 2020 ГОДИНА


Јарците ќе бидат инспирирани и ќе создадат нешто со кое ќе се гордеат, Лавовите треба да посветат повеќе врема на партнерот, а на Рибите ќе им се чини дека можат да ја купат и среќата..

ОВЕН
Ви претстои доста предизвикувачки период од годината но на крајот од сето тоа ќе излезете посреќни и посилни, ќе ги превземете вистинските чекори и ќе ги донесете најдобрите одлуки. Ќе ви оди од рака стекнувањето на доверба кај колегите, но исто така обрнете внимание на тоа да ги слушате и нивните совети за да бидете почитувани.

БИК
Препреките се зголемуваат се повеќе и повеќе но тоа не значи дека ви претстои неуспех. Можно е вашиот преголем успех да ви создаде проблеми но сето тоа е поради тоа што ги зголемувате вашите очекувањаод себеси. Можеби треба малце да успорите и да ги испланирате вашите цели тактички.

БЛИЗНАЦИ
Ќе откриете нов факт кој ќе биде клучната разврска околу некое прашање за кое сте се прашувале долго време. Обрнете повеќе внимание на вашите деловни врски. Вашите идеи се толку брилијантни што некои во вашето опркужување можеби чувствуваат љубомора. Подгответе се да блеснете уште повеќе.

РАК
Не можете да се одлучите помеѓу желбите на вашето срце и професионалните надежи, што е поважно за вас. Но во секој случај бидете сигурни дека вашите емоции ќе бидат возвратени. Држете се цврсто, ви претстои период кога ќе добиете осигурување за сите нешта кои сте ги чувствувале нестабилни.

ЛАВ
Кога се работи за вашата сопственост и финансии, морате да знаете дека не постојат најбрзи решенија кои ќе поправат се. Бидете трпеливи доколку сакате трајно да се ослободите од проблемите кои ве кочат. Посветете малку повеќе внимание на вашиот партнер, потребни сте му повеќе отколку што си мислите.

ДЕВИЦА
Поминавте повеќе од доволно време помагајќи им на другите, време е да ги ослободите да се движат по својот пат а вие да се посветите малку и на себеси. Ви претстојат хармонични мигови и околности за кои долго сте сонувале.

ВАГА
Сте направиле примирје со луѓето околу вас со кои сте не сте биле во баш најдобри односи, знајте дека го направивте вистинскиот чекор а резултатите од тоа допрва следат. Немојте да брзате и да ја прифаќате првата можност која ќе ви се најде на патот, ќе имате повеќе опции од кои ќе можете да бирате.

ШКОРПИЈА
Ќе направите некоја промена во начинот на работење и ќе бидете пријатно изненадени од резултатите. Ве очекува патување во вашето романтично минато, немојте да чекате некој друг да го направи првиот чекор, превземете иницијатива.

СТРЕЛЕЦ
Последните случувања на романтичен план ја исцрпија вашата енергија и време и ве оставија изморени. Како и да е, вистинскиот проблем можеби всушност се крие во другите луѓе а не во вас, пружете емпатија онаму каде што е потребна.

ЈАРЕЦ
Периодов се чувствувате немирно и не ве држи место. Но тоа е само вашата енергија и инспирација која сака да исплива на површина. Дозволете му на креативноста да ве понесе затоа што голема е веројатноста да создадете нешто на кое ќе се гордеете.

ВОДОЛИЈА
Некои планови за патување ќе мораат да бидат одложени а некои информации кои сте ги поседувале повеќе не се валидни. На љубовен план време е да поразговарате за вашите чувства отворено. Ако не им кажете на другите луѓе што чувствувате, ќе бидете обвинети дека сте бесчувствителни и не им посветувате доволно внимание.

РИБИ
Се наоѓате во длабока емоционална и финансиска естраваганца. Периодов ви претстои одлична добивка. Во овие ретки мигови ќе ви се чини дека можете да ја купите дури и среќата. Ги таите вашите чувства веќе долго време, можеби сега е вистинско време да им дозволите да испливаат на површина.

Извор: srekja.mk

Previous ВИДЕО: Жедна верверичка како од луѓе бара вода
Next Причини поради кои луѓето го одложуваат родителството

No Comment

Leave a reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *