Поранешните партнерки на Џони Деп тврдат дека тој не би удрил жена


Поранешната сопруга на Џони Деп, Ванеса Паради и неговата поранешна девојка Винона Рајдер во Врховниот суд во Лондон, Англија, сведочеа дека тој не е човек што би удрил жена.

Во таа смисла, обвинувањата на Амбер Херд, исто така негова поранешна сопруга, според Паради, „воопшто не личат на вистинскиот Џони“, како што таа рече.

– Гледам дека овие безобразни изјави се навистина вознемирувачки. А, исто така, направија и штета на неговата кариера затоа што, за жал, луѓето поверуваа во тие лажни сведочења, изјави Паради.

Рајдер, која беше свршена со Деп во раните 90-ти, рече дека не може да го замисли  како таков, па сѐ тоа ја прави вџашена и збунета.

– Замислата дека тој бил толку насилна личност е многу далеку од оној Џони што го познавав и го сакав. Не сакам никого да наречам лажго, но од моето искуство со Џони, невозможно е да се верува дека ваквите грозни обвинувања се вистинити!, изјави Рајдер.

Телохранителот на Деп, Шон Бет претходно сведочеше дека во 2016 година, на 30-от роденден на Хард, таа го удрила глумецот и тој го пренел во друга негова куќа. Телохранителот покажа и слика како доказ за тоа, но на неа немало видливи повреди кај Деп, а не можело ниту да се докаже нејзината веродостојност.

Сведочењето на Амбер Херд се очекува следната седмица.

Амбер Херд пред две години го доби случајот против Џони Деп и за тоа доби отштета од седум милиони долари. Новото судење во Лондон е дел од тужбата на Деп против британскиот таблоид Sun за напис од 2018 година. Во друг случај, во САД, Деп ја тужи Хард за 50 милиони долари отштета, за нарушување на угледот. Тој процес се очекува да почне идната година.  

Извор: kajgana.com

Previous Роденденот на Игор Џамбазов не помина без торта и дување свеќи, а за тоа е заслужна неговата Илина (фото)
Next ВИДЕО: Жедна верверичка како од луѓе бара вода

No Comment

Leave a reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *