Финансиска катастрофа: Актерот Робер де Ниро губи огромна сума на пари!


Холивудскиот актер Робер де Ниро (76) се разведува од неговата 11 години помлада сопруга Грејс Хајтауер.

Во 2018 година парот потврди дека се разведува по 21 година брак, а Грејс по судска постапка побара месечниот лимит на кредитната картичка да изнесува од 50 000 на 100 000 долари.

Но, се влоши финасиската состојба на актерот, па лимитот е намален.

Освен со намалување на лимитот, актерот ја налути пораншената сопруга со одлуката со која се забранува пристап во неговиот дом.

Адвокатката на де Ниро вели дека приходите паднале поради затварање на ланецот од ресторани и хотелот „Greenwich“ чиј е тој косопственик.

Адвокатката на актерот истакна дека во месец април Ниро изгубил околу 3 милиони долари.

Роберт морал да им плати на инвеститорите околу пола милион евра кои ги позајмил од партнерите бидејќи немал доволно пари.

Во пребрачниот договор на Роберт и Грејс стои дека тој секоја година кога ќе заработи 15 милиони долари или повеќе, ќе мора да и исплати еден милион долари. Оваа година може да заработи 7,5 милиони долари.

Извор: vistina.com.mk

No Comment

Leave a reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *