Тестираме водич за развој на фини моторни вештини кај децата


Во ова видео објаснувам зошто го набавивме Среќичка водичот за развој на фини моторни вештини и како го користиме. Видеото содржи и инсерти како малата Зара учи и изведува некои од активностите.

Вообичаено секоја нова активност трае околу пола час до 40 минути со тоа што по првите 10 минут совладување и фокусирање детето ја надоврзува на некоја друга омилена активност. Секој следен пат времето поминато во таа активност се преполовува и интересот опаѓа. Од овие причини секој ден воведувам по една нова активност бидејќи така оптимално време поминува во самостојна фокусирана игра.

Леа Ризаова го отвори Јутуб каналот Дома со Леа во 2018 откако се роди нејзината прва ќерка Зара. Идејата беше да се преслуша себеси како родител и да даде поддршка на сите нови и идни родители преку прикажување на реални родителски предизвици, различни од она што не учат старите книги и го гледаме како пример на Инстаграм. Видеата ги прави според ситуациите со кои се соочува како мајка и се труди покрај личните увиди да пренесува и актуелни сознанија за кои има малку ресурси на македонски јазик. Јутуб каналот Дома со Леа е личен влогерски проект со над 70 авторски видеа, не заборавајте да дадете LIKE и SUBSCRIBE ако ви се допаѓаат содржините.

Previous Објавен првиот трејлер за играта „Far Cry 6“
Next СРЕЌЕН ДНЕВЕН ХОРОСКОП ЗА 14 ЈУЛИ 2020 ГОДИНА

No Comment

Leave a reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *