in ,

Ретко е во вакво издание: Вака изгледа Марјана Станојковска без шминка (фото)

Марјана Станојковска е една од нашите најатрактивни македонски водителки која постојано е присутна пред јавноста преку ТВ екраните, особено за оние кои играат Лото.

Освен тоа, Марјана е активна и успешна и како инфлуенсерка на Инстаграм, па доста често има нови ангажмани за разни производи, особено козметички.

Периодов најмногу ја гледаме како на припадничките на понежниот пол преку фотосесии им сугерира за актуелни костими за капење, но и производи за нега на лице и тело и шминка. Марјана Станојовска бидејќи постојано е пред камери, поради професијата многу често мора да има шминка на лицето, па затоа јавноста ретко може да ја види во природно издание.

За промена, овој пат се случи и тоа, па сакајќи да промовира одредена шминка, како самата ја нанесува, Марјана објави снимка на која пред почетокот на шминкањето нема козметика на лицето.

Во една прилика таа изјави дека честопати знае да се шминка и сама и дека не се случува постојано за нејзиниот изглед пред камери да се грижат професионалци.

-Процесот на шминкање е многу едноставен за некои девојки, додека за други претставува права “ноќна мора”. Но она што е заедничко за сите нас девојки и жени е тоа што сите ние посакуваме што е можно подобро да го совладаме овој процес, (колку-толку ) Во денешно време тоа лесно може да се постигне, на пример да погледнете некое „YouTube“ видео или да посетите обука за професионална шминка . За мене ова не претставува никаков проблем зошто од кога знам за себе сама се шминкам и не сум придавала некоја голема важност на оваа моја дарба. Дури сега во време на пандемијава не можам да ви опишам колку сум благодарна. Зашто бидејќи е многу олеснителна околност поготово за подготовка на Лото емисиите или пак за некои фотографии за рекламирање. Ве поттикнувам да пробате и вие, можеби нема да можете од одма да знаете да постигнете ,,smoky eyes” но некоја basic , едноставна и дневна варијанта , зошто да не, им се обрати Марјана на своите следбенички да ја пробаат и својата умешност во шминкање кога се во прашање некои поделикатни техники за кои се обраќате кај стилист за шминка.

Погледнете како тоа нејзе и успева:

https://www.instagram.com/p/CBWQBqQJPTC/?utm_source=ig_web_copy_link

Извор: vistina.com.mk

What do you think?

Written by Ljubomir Pepic

Имам 40 години и доаѓам од Велес

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Тамара, Лоба, Симона, Каролина, „Некст Тајм“, Билбилов…. Охрид е летна база на македонската естрада (фото)

Што точно се случува во телото додека се топат маснотиите?