Почина сопругата на Џон Траволта: Кели Престон ја изгуби битката со ракот на дојка


Џон Траволта соопшти дека неговата сопруга Кели Престон починала од рак на дојка.

Актерот напиша на Инстаграм: „Со многу тешко срце ве известувам дека мојата убава сопруга Кели ја изгуби својата двегодишна битка со ракот на дојка. Таа храбро се бореше со толку многу љубов и поддршка“.

Актерката (57) избра да ја задржи приватноста околу својата дијагноза.

Претставник на семејството изјави за People.com дека таа починала во неделата наутро и „веќе некое време била подложена на  медицински третман, поддржана од нејзиното најблиско семејство и пријатели“.

Кели Престон играше заедно со Том Круз како негова свршеница во „Џери Мегвајер“, а со Арнолд Шварценегер и Дени Де Вито во комедијата „Близнаци“.

Таа, исто така неколку пати глумеше и со сопругот, а последен пат во 2018 година.

Брачната двојка  кој имаше еден од најстабилните и најтрајни бракови во Холивуд  претрпе голема трагедија во 2009 година кога нивниот 16 -годишен син – тинејџер Џет Траволта исто така почина  додека беше на одмор на Бахамите. Тие имаат уште две деца – ќерката, која сега има 20 години, и деветгодишниот син.

Извор фото: Скај Њуз

No Comment

Leave a reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *