Објавен првиот трејлер за играта „Far Cry 6“


Ubisoft го претстави првиот трејлер за видеоиграта „Far Cry 6“.

Трејлерот го прикажува градот под режимот на Антонио Кастиљо кој го глуми Џанкарло Еспозито.

Во „Far Cry 6“ играчите го контролираат Дани Рохас кој треба да го сруши режимот на Кастиљо, пишува The Verge.

Од Ubisoft велат дека играчите ќе имаат на располагање многу оружје и систем за следење кој „ќе ви овозможи регрутирање на оние коишто сакаат да се борат на ваша страна“, исто како во „Far Cry 5“.

Видеоиграта „Far Cry 6“ би требало да биде достапна на 18 февруари 2021 година за Play Station 5, PS 4, Xbox Series X, Xbox One, PC.

Извор: kajgana.com

Previous Почина сопругата на Џон Траволта: Кели Престон ја изгуби битката со ракот на дојка
Next Тестираме водич за развој на фини моторни вештини кај децата

No Comment

Leave a reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *