Од денеска на Netflix е достапен новиот акционен блокбастер „The Old Guard“ во кој прекрасната Шарлиз Терон игра бесмртна хероина. Нејзиниот лик повеќе е платен убиец отколку Хајлендер, но тематиката на приказната е поблиска до вториот.
„The Old Guard“ во режија на Џина Принс-Бајтвуд е филмска адаптација на истоимениот стрип на авторот Грег Рука (Lazarus, Wonder Woman) и илустраторот Леандро Фернадез (Deadpool, Punisher: MAX). Главниот лик е Andromache of Scythia или Енди, која поради некоја мистериозна причина со векови е заробена во бесмртен живот.
Заедно со уште неколкумина бесмртни воини таа низ вековите изведува високоризични задачи за богати клиенти. Ени ќе почне да обучува нов бесмртен воин, Нили и заедно со неа и останатите од групата ќе се соочат со нова закана – богат бизнисмен кој дознал за нивното постоење и сака и самиот да добие вечен живот.
Како Шарлиз се подготвуваше за борбените сцени заедно со колегите, погледнете во прилогот на Netflix.
Извор: kajgana.com