Ова е летниот избор за релаксација на домашен терен за Каролина Гочева (фото)


Поради рестриктивните мерки за коронавирусот, излегувањето од државата за ова лето 2020-то е ограничено.

Изборот на многумина е релаксација и разладување во топлите денови на домашен терен, а најчест избор се: Охрид , Дојран и Маврово.

Оние кои се уште не избрале некоја од ваквите слични куси дестинации, се сеќаваат на убавите времиња од претходните лета и омилените дестинации.

Пејачката Каролина Гочева на својот Инстаграм профил покажа дека и фали и се сеќава на лето 2018-то кога беше на грчкиот остров Миконос, за кој има изјвено дека и е меѓу омилените.

Откако ги евоцираше спомените од пред две години, таа откри дека овие денови се наоѓа во Охрид, па објави снимки од Св. Наум и документираше кадри од природата.

Се недеваме дека ова ќе биде единственото вакво лето за сите нас, па наредните години здрави и живи ќе создаваме спомени како некогаш, дома или подалеку – секој по свој вкус и можности.

Извор: vistina.com.mk

Previous КАКО ГРАДСКОТО ЗЕЛЕНИЛО ВЛИЈАЕ ВРЗ НАМАЛУВАЊЕ НА ЕФЕКТИТЕ НА БУЧАВАТА?
Next СРЕЌЕН ДНЕВЕН ХОРОСКОП ЗА 10 ЈУЛИ 2020 ГОДИНА

No Comment

Leave a reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *