Игор Џамбазов е пред времето – има селфи со Здравко Чолиќ од пред 42 години (фото)


Многумина можат и тврдат дека го измислиле „селфито“ ама Игор Џамбазов извади фотографија стара 42 години и покжа дека бил пред сите, ма пред времето.

Тој периодов, својот Инстаграм најмногу го полни со заеднички фотографии со саканата Илина, а сега за промена изненади со таква од времето кога сите го паметат како Трајче дрварчето.

-Ај сега да видиме кој правел селфи со Здравко Чолиќ пред 42 години… Пишува Игор во осписот на црно-белата фотографија каде е заедно со група деца среќни што ќе имаат слика заедно со големата југословенеска музичка ѕвезда Здравко Чолиќ кој тогаш имал 27 години.

„Легенда“, „Ти си пред времето“, „Еве кој го измислил селфито“, беа само мал дел од коментарите кои осамнаа за оваа досега невидена фотографија од едно далечно време.

Извор: vistina.com.mk

Previous И се може: Лила и кога одмора печали (фото)
Next Дворот на Сека Алексиќ остава без здив: Палми, базен, совршен екстериер од нејзиниот домашен тропскио рај (фото)

No Comment

Leave a reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *